Тачи контра Курти: Косово нема да оди на избори, ќе добие нова влада!

by Фокус 00:00
00:00

Косовскиот претседател Хашим Тачи објави дека Косово во следните денови ќе добие нова влада. На тој начин, тој се спротивстави на барањето на премиерот Албин Курти, кој побара распуштање на парламентот и нови избори.

„Косово е во состојба да формира нова влада која ќе им служи на нејзините граѓани, ќе се бори против Ковид 19 и ќе обезбеди демократско функционирање на сите институции“, напиша Тачи на Твитер.

- Advertisements -

Инаку, сите партии освен Самоопределување на Курти се согласија дека Косово треба да добие нова влада без излегување на нови избори. Неодамна, парламентот и изгласа недоверба на владата на Курти по иницијатива на негов помал коалициски партнер.

Поврзани новости