До крајот на денов во нашата држава ќе имаме сончево и уште потопло време од претходните денови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени.
Во следните денови и тоа во попладневните часови локално ќе има повеќе облаци. Особено во недела ќе има услови за локален краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер. Во сабота од северен, во недела од југоисточен правец.
Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, потоа во следните денови ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Подготви: Славчо Попоски