Се отвораат понудите за набавка на респиратори, клучен услов за избор е рокот на достава

by Фокус

Се отвораат понудите за набавка со која треба да се набават 200 респираторни машини. Како што денеска инфомираше министерот за здравство Венко Филипче, предност ќе се даде на критериумот за рок на испорака. Тој потенцира дека на светскиот пазар е таква што постои голема побарувачка за респираторни машини поради пандемијата со КОВИД-19.

Инаку, Владата на седницата од 3 април донесе Уредба со законска сила за интервентна набавка на респиратори за време на вонредната состојба со коронавирусот. Претходната јавна набавка пропадна бидејќи, како што рече тогаш Филипче, ниту една од фирмите не го исполнила условот за достава во краток временски период.

Поврзани новости