До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде сончево и ветровито со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието и на истокот каде повремено ќе достигнува брзина од над 65 км/час. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 19 степени.
Потоа во следните денови ќе имаме стабилно, суво и се потопло време со постепен пораст на температурите на воздухот. Позначителен пораст на истите ќе има за време на викендот, и особено на почетокот на следната недела кога во најтоплите предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до околу 30 степени.
Подготви: Славчо Попоски