Времето денеска наутро ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус седум до минус еден, а максималните ќе достигнат од четири до 12 степени.
Во Скопје, наутро ќе преовладува време со умерена облачност, во текот на денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до минус четири, а максималните ќе достигнат до осум степени.
Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневната температура. Во вторник ќе дува засилен ветер од северен правец.