Хакери ја нападнаа интернет страници на НАТО

by fokus

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

– Кибер експертите на НАТО активно работат на инцидент што влијаеше на некои веб-страници на НАТО. НАТО редовно се справува со кибер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани, изјави претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА.

Коментарот дојде по извештаите на социјалните мрежи дека проруски хакери ја нападнале веб-страницата на Штабот за специјални операции на НАТО (NSHQ) и други сајтови, поради што беа привремено недостапни.

Поврзани новости