1K
Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи и ретка појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Во Скопје попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.
Потоа во текот на оваа недела во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ со град, силен ветер и електрични празнења.
Подготви: Славчо Попоски