Следната недела Регулаторна ќе одлучува за поскапување на парното

by Fokus

Регулаторната комисија за поскапување на парното ќе одлучува на 29 јули откако трите компании за парно греење во Скопје поднесоа барање до РКЕ.

Во барањата доставени до Регулаторна комисија се бара поскапувањето да почне од 1 август.

Најголемо покачување на цената на парното бара ЕСМ Енергетика или т.н. железарско парно и тоа 64.79 отсто, Скопје Север бара за 15,54 отсто поскапи сметки, додека БЕГ бара најмало покачување 1,82%.

Во моментов, цената на природниот гас на светските берзи бележи значителен раст за повеќе од 50% во однос на цената на гасот лани кога се носеше одлуката за цената на парното. Практично, летната цена на природниот гас е повисока од зимската цена во 2020.

Во Скопје на парно се греат околу 60.000 домаќинства.

Поврзани новости