Следел девојчиња и се самозадоволувал, струмичанец доби кривична пријава

by fokus

Против 28-годишен струмичанец е поднесена кривична пријава за „задоволување на полови страсти пред друг“, затоа што се самозадоволувал додека следел две девојчиња кои пешачеле на трим патеката во Струмица.

Според полицијата настанот се случил на трети овој месец околу 10.00 часот. Девојчињата, кои подоцна го пријавиле случајот во полициска станица, оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, и го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од тренерките и почнал да се самозадоволува и да оди кон нив. Тие се исплашиле и побегнале.

Настанот подоцна го пријавиле во СВР Струмица. Веднаш по пријавување од страна на СВР Струмица преземени се мерки за пронаоѓање на пријавениот. 28-годишниот Р.Џ. бил пронајден и лишен од слобода.

 

Поврзани новости