Славески: Мнозинството ќе се потврди во четврток

by fokus

Заев уште наредниот ден по објавување на оставката, да стоеше на зборот и да ја поднесеше ќе ги поштедеше граѓаните од сите овие драми. Мнозинството со кое е поднесена иницијативата за недоверба на влада ќе се потврди во четврток, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во  Анализа на ТВ24.

Славески истакна дека новото мнозинство кое го формира опозицијата не е политички нестабилно затоа што ја одразува политичката волја на граѓаните кои тоа го покажаа сега на локалните избори.

– Во однос на тоа што велат дека такво мнозинство ќе има политичка нестабилност, не е точно затоа што политичка нестабилност има кога партиите на власт не ја одразуваат реалната волја на граѓаните, што се виде сега на изборите и тоа мнозинство на досегашната власт значеше неефикасна влада и зборува за тоа дека е неопходна нова влада со поголем капацитет која ќе ги решава проблемите на граѓаните.  Било каква влада, дали техничка или експертска е подобра од оваа на СДСМ во моментов, рече Славески.

 

Поврзани новости