Нашата држава и понатаму ќе биде под влијание на релативно топло јужно воздушно струење, кое ќе условува натпросечно високи температури на воздухот, кои на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите региони се очекува да се искачуваат до околу 21 или 22 степени.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе има и повремени послаби локални врнежи од дожд,како и услови за ретка појава на грмежи. Повремено, и тоа особено на истокот, денес врнежите ќе бидат со умерен интензитет.
В сабота на повеќе места ќе има релативно суво време а повторно локално повеќе врнежи се очекуваат во текот на ноќта, сабота кон недела.
И понатаму ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено на некои места ќе биде засилен по интензитет.
Подготви: Славчо Попоски