Славчо Попоски: Престанок на врнежите, па циклон Симеон

by fokus

И понатаму европскиот континент ќе биде поделен на половина според воздушните маси. Западната половина ќе биде со подпросечни температури и под влијание на значително постуден воздух од север, додека источната половина вклучувајќи ја и нашата држава, ќе биде под влијание на потопла воздушна маса од југ и јужно воздушно струење кое и понатаму ќе условува натпросечно високи температури на воздухот. Сепак наутро ќе биде нешто постудено со минимални температури на воздухот кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени.

Ќе имаме преодна стабилизација на времето и тоа денес и утре претпладне, а времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Локално има услови и за малку повеќе облаци кои ќе бидат повисоки.

Под влијание на нов бран на врнежи утре попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежо од дожд кој во текот на ноќта кон среда ќе се прошируваат насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 25 л/м2).

Врнежите ќе продолжат и во среда, но ќе се поместуваат кон исток. Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи, а повторно ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Сето ова ќе биде предизвикано од новиот циклон Симеон. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот претежно од 13 до 20 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости