Социјалистот Санчез победи на изборите во Шпанија, но дали ќе формира влада?

by Фокус

Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез доби најмногу гласови на вонредните парламентарни избори одржани денеска, но, според излезните анкети, тоа е недоволно за составување на Влада, што значи вовед во тешки преговори за формирање на мнозинство.

Имено, се очекува бројот на мандати на партијата на Санчез ќе биде меѓу 114 и 119 пратенички во кој има 350 места, со што за формирање Влада е потребно да се освојат 176 пратенички мандати.

На второ место се наоѓа конзервативната народна странка со добиени меѓу 85 и 90 пратенички мандати, што е значителен скок од пред 6 месеци, кога истата партија освои 66 мандати.

На третото место дојде радикалната десничарска партија ВОКС, која треба да добие 56-59 места, што е двојно повеќе во спредба со досегашната ситуација.

Шпанците повторно гласаа откако во април годинава партијата на Санчез доби 123 места во Парламентот, па поради тоа не успеа да формира мнозинска влада.

И по денешните избори се очекува повторно неизвесност околу формирањето на Владата и излез од политичката криза, што значи и неизвесност за ратификација на протоколот за членство на земјава во НАТО во шпанскиот парламент.

Поврзани новости