Слаб интерес кај неготинчани за женачка со 500 евра субвенции

by fokus

Мерката за стимулирање на женењето на старите ергени од Неготино, во вид на 500 евра за секој неготинчанец кој што има над 40 години и се жени за прв пат, од почетоков на годината, па досега, донесе само два нови бракови.

Имено, откако  при крајот на минатата година градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов најави дека општината ќе ги стимулира ергените кои што наполниле 40 години со финансиска поддржка од 500 евра да стапат во брак, неготинчани коментираа дека се задоволни од овој вид на поттик на брак. Единствено незадоволни коментари упатуваа немажените девојки над 40 години, според кои што свесно или несвесно, општината направила дискриминација, бидејќи не ги вклучила во програмата за поттик на мажење и не им следуваат субвенции доколу стапнат на лудиот камен.

Но очигледно, петстоте евра не биле доволен поттик за повеќето неженети неготинчани, па портпаролот на општината Мишко Митров ни изјави дека официјално досега, само два брачни пара се пријавиле за субвенциите и уредно си ги добиле.

Освен што ги стимулира повозрасните мажи да започнат семеен живот, Општина Неготино го стимулира и наталитетот. Од пред две- три години се доделуваат ваучери од 7.000 денари за секое новороденче, а од неодамна и по 14.000 денари за секое трето дете.

Поврзани новости