Скулптурата со име „Космоинтеграла“ е дел од првиот бран од 35 скулптури со кои започна проектот „Скопје 2014“ во 2008 година. Според истражувањето „Скопје 2014 под лупа“ на БИРН, „Космоинтеграла“ ги чинела граѓаните 32.689 евра, а како инвеститор се јавува Министерството за култура.
Автор на оваа скулптура е Антонио Мазневски, кој како награда добил 30.000 денари. Истата е поставена пред платото на Македонската опера и балет, а е изработена од етернит – австриски материјал за покривни површини.
Базата за истражувањето „Скопје 2014 под лупа“ е изготвена од екипата на БИРН, и од денеска е достапна за јавноста. Информациите за базата се обезбедени директно од институциите преку сите можни легални канали за обезбедување информации од јавен карактер.
Базата е достaпна на следниов линк: http://skopje2014.prizma.mk