548
Стопанската комора на Северна Македонија информира дека претседателот на Комората, Бранко Азески моментално се наоѓа во странство на санација на акутна реакција од хронична болест од која боледува повеќе години.
– Поради шпекулациите кои се појавија во јавноста, Стопанската комора на Северна Македонија ве известува дека претседателот на СКСМ Бранко Азески моментално се наоѓа во странство на санација на акутна реакција од хронична болест од која боледува повеќе години.
Претседателот Азески е во добра здравствената состојба и е во процес на брзо закрепнување. Се очекува да се врати на работните обврски во најскоро можно време, се наведува во соопштението од Комората.