616
Европските пари што земјоделците ги добиваат преку ИПАРД програмата за следниот седумгодишен период се намалени за 25 милиони евра.
Во првиот од програмата беа на располагање 85 милиони евра, а во наредниот период износот ќе изнесува 60 милиони евра.
Од Европската Унија велат дека слабата искористеност на европските пари на ИПАРД фондовите се должи пред се на неподготвеноста на институциите.
Од средствата доделени преку ИПАРД 1 програмата Македонија искористила до сега околу 15 отсто. Од Министерството за земјоделие пак, тврдат дека првата програма на инструментот била процес на учење и за земјоделците и се надеваат дека до крајот на следната година процентот ќе се дуплира.