Скоро педесет отсто од гласачите во Грција излегле на парламентарните избори

by Fokus
Foto: AP

Излезноста на гласачите на денешните парламентарни избори во Грција до 17 часот по локално време е 48,76 отсто, соопшти грчкото Министерство за внатрешни работи.

Во 19 часот по локално време, по затворањето на избирачките места, се очекуваат резултати за излезноста, а околу 20:30 би можеле да се знаат првите официјални резултати, објави грчкиот весник „Катимерини“.

На денешните парламентарни избори во Грција гласаат околу десет милиони граѓани, за 27 партии, осум коалиции и еден самостоен кандидат.

На овие избори гласат и Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17 години, а ќе се спроведе пропорционален изборен модел.

Најсериозни кандидати за власт се актуелниот премиер Киријакос Мицотакис од конзервативната „Нова демократија“, поранешниот премиер Алексис Ципрас од левичарската СИРИЗА и поранешниот европратеник и лидер на ПАСОК, Никос Андрулакис.

Поврзани новости