„Скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје не се вакцинирани со ДиТеПер вакцина“ тврди директорката на ДСЗИ

by Fokus

„Скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против пертусис, а во внатрешноста над 95 отсто од дечињата се вакцинирани“.

Ова денеска го изјави директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) – Рената Младеновска.

Таа рече дека ДСЗИ ги контролира и приватните градинки, а фактот што околу 50 отсто од децата се невакцинирани или нецелосно е поразувачки.

Од вчера ДСЗИ врши надзори низ градинките и издава решение за забрана за примање деца кои се невакцинирани или нецелосно против пертусис.

– Директорите ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат, а за тоа ќе провериме во текот на денов и во наредните денови – рече Младеновска.

Поврзани новости