Легендарниот Роналдо го избра најдобриот тим на сите времиња

by Fokus

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима го избра најдобриот тим на сите времиња.

Во таа единаесетка се вклучи и самиот.

Во интервју за Дејли Мејл, легендарниот Бразилец на голот го стави Италијанецот – Џанлуиџи Буфон, а на бековските позиции неговите сонародници и поранешни соиграчи – Кафу и Роберто Карлос.

Според Роналдо, најдобри стопери во историјата се Паоло Малдини и Фабио Канаваро.

Во исклучително офанзивна формација, Роналдо ги вклучи Зинедин Зидан, Диего Марадона, Пеле, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и себе си на позицијата 9.

 

Поврзани новости