454
Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите тимови за спасување.
Од Град Скопје истакнаа дека ќе бидат во комуникација со локалните власти во Турција со цел да им се излезе во пресрет за некаква помош.
-Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија, се наведува во соопштението од Град Скопје.