Над 19.300 жртви во Турција и Сирија

by fokus

Пристигнаа најновите информации за бројот на загинати. Според последните податоци се дека во Турција загинале 16.170 луѓе.

Во Сирија, во областите под контрола на владата, загинале 1.262 лица. Во подрачјата под контрола на опозицијата загинале околу 1.900 луѓе.

Според тоа, вкупно 19.362 лица починале во двете земји.

Речиси 650 последователни потреси ја погодија Турција по двата земјотреси во понеделникот, според агенцијата за управување со катастрофи на земјата.

Постојаното тресење на земјата ги направи спасувачките напори уште поризични.

Поврзани новости