На магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера наутро околу 10 часот во провалија покрај патот било пронајдено безживотно тело, а на оддалеченост на околу три метри и оштетено патничко возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, информираат од МВР.
– Во близина на телото е пронајдена и патна исправа на име на лице од Скопје, кој на 01.11.2014 година се оддалечил од својот дом и бил пријавен за исчезнат. Извршен е увид на местото, а поради временските услови увидот ќе продолжи во текот на денешниот ден. По наредба на ОЈО на телото ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот – велат од МВР.
Неофицијално станува збор за бизнисмен кој се занимавал со градежништво.
Од судска медицина за „Фокус“ потврдуваат дека неговото тело е на обдукција и дека утре ќе се знае повеќе за инцидентот и за начинот на кој бизнисменот го изгубил животот