Скопската Зоолошка ќе гради кафез за шимпанзо од 230 илјади евра

by fokus

Новото живеалиште за шимпанзо во зоолошката градина во Скопје ќе чини 232 000 евра. Вредноста на договорот е за 35.000 евра повисока од проценетата вредност, односно од парите што Зоолошка градина планирана да ги потроши за оваа намена.

Живеалиштето ќе го гради тетовската градежна фирма „Квалитет Бетонида“, која има рок од 7 месеци да заврши со градежните активности.

Од Зоолошка градина не даваат повеќе информации, а во изјава за 24 вести само велат дека договорот е склучен пред неколку дена и дека дополнително ќе се координираат со Град Скопје кога и како да и ја соопштат на јавноста оваа информација, се со цел градоначалникот преку медиумите да го промовира овој проект како нова атракција.

Поврзани новости