Директорот на зоолошката градина-Скопје, Ѓорѓи Галетановски, имаше работен состанок со директорот на Дом за слепи, Горанчо Јакимов, секретарот на здружението, Штерија Димов, и професорот на Штуловиот универзитет, Шпетим Љатифи.
На средбата беше договорено заеднички да се отпочне процес за зоолошката да биде целосно адаптирана за посета на оваа категорија на лица.
-Мислам дека ќе бидеме прва зоолошка во Европа која ќе бида на ваков начин оспособена, а имаме и општествена одговорност заеднички да се заложиме оваа институција да биде адаптирана за луѓето со оштетен вид, бидејќи и тие ни се чести и добредојдени гости. Ќе поставиме специјални патеки, информативни табли со звуци и бројаво писмо и ќе ги обучиме нашите кадри за нивна едукација – рече Галетановски.