ДНК анализата потврдила дека удавената девојка е Дениса Марковска

by Фокус

Конечно пристигнаа и резултатите од ДНК анализата, со кои се потврдува дека телото пронајдено во водите на Егејското море на 4 октомври е на младата прилепчанка Дениса Марковска. Резулатите им биле доставени на нејзините родители. Според нив, младата прилепчанка која работела на брод не е жива, но никој не кажува како загинала.

Најблиските изразилe сомнеж поради бавноста на постапката и на полициските службеници им најавиле дека ќе бараат нова обдукација и нова ДНК анализа, која ќе се изврши во Македонија.

Младата прилепчанка исчезна ноќта на 12 септември од бродот „Серенисима“, каде што работела. Се уште никој не знае што се случило со неа, а нејзините лични работи веднаш беа вратени на семејството.

Поврзани новости