826
Скопје е втор по загаденост град во Европа, покажуваат последните податоци на Технолиџист, магазин и веб сајт на сојузот на технолошки универзитети во Европа каде што се објавуваат најдобрите светски истражувања и иновации.
Најзагаден град во Европа е Сараево со индекс на загаденост на воздухот од 117. Индексот на загаденост во Скопје е 80, а потоа следуваат Софија (68), Истанбул (59) и Никозија (53).
Најзагаден град во светот, според Технолоџист, е иранскиот град Аваз.
Ситните честички, чадот од автомобилите и фабриките, минералниот прав и концентрацијата на полен се едни од најголемите загадувачи кои влијаат врз здравјето на луѓето, објавува Технолоџист.