391
Министерството за внатрешни работи информира дека утре ќе бидат затворени дел од сообраќајниците бидејќи ќе се одржи судско рочиште за случајот „Диво насеље,,
– Од тие причини ве известуваме дека сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се спроведуваат обвинетите и сообраќајниците околу зградата на Основниот суд Скопје, повремено ќе биде пренасочен за останатите учесници во сообраќајот – се наведува соопштението на МВР.
Како што дознава „Фокус“, поради проценет голем безбедносен ризик, полициски единици ќе бидат распоредени на повеќе локации низ главниот град,
Од неодамна, беше зголемено и полициското присуство во близина на неколкуте затвори, каде што се наоѓаа обвинетите во Диво Насеље.