Продуцентите земале 1,2 милиони евра за првиот дел од серијата „Македонија“, но не го снимале

by Fokus

Агенцијата за филм на Македонија направи контрола во врска со доделувањето средства за снимање на серијата „Македонија“, при што се утврдени пропусти, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Средствата биле доделени на продукцијата „Јадран филм“ и требало да се направи проект играна серија „Македонија“, но во согласност со утврдениот термин, 4 септември 2017, првиот дел од серијалот ниту бил снимен, ниту бил испорачан, а парите во износ од 1,2 милиони евра се префрлени – рече Бошњаковски.

Тој истакна дека вчера на владината седница се донела одлука дека остатокот од парите, 4,6 милиони евра, нема воопшто да бидат префлени, а ќе се бара одговорност и за овие пари кои веќе се префрлени, бидејќи сервисот не бил доставен.

Поврзани новости