Скопје со речиси 10.000 активно заразени, а Прилеп, Тетово и пет скопски општини со над 1.000

by fokus

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54.743, бројката на оздравени пациенти е 32.366, на починати е 1.511, а бројот на активни случаи изнесува 20.866.

Од активно заразените, речиси половина се од Скопје, односно 9.883 заразени, а пет општини се со над 1.000 заразени. Поточно, Гази Баба со 1.472 и Аеродром со 1.424, а по нив се Кисела Вода со 1.204, Карпош со 1.192 и Центар со 1.188 активни случаи во моментов.

Над 1.000 заразени има и во Прилеп, каде што бројот на активно заболени се искачи на 1.010, и во Тетово со 1.004 заразени. Со голем број на заразени се и Куманово со 961 случај, Битола со 849, Велес со 784, Гостивар со 759, Струмица со 613 и Штип со 537 заразени.

Поврзани новости