423
Сараево од утринава е број еден во светот по загаденост на воздухот, покажуваат податоците на веб-страницата IQAir.
На табелата во живо – индексот на загаденост на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е 190, додека Мумбај е втор со 181.
Што се однесува до Скопје, главниот град на Македонија е на „солидното“ осмо место во светот, откако индексот на загаденост на воздухот е 161.
Дури четири града од Балканот утрово се меѓу најзагадените во светот ,Сараево, Загреб, Скопје и Приштина.