Уште од утрово стотици автобуси од цела Македонија со членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ пристигнаа во Скопје за да присуствуваат на собирот во ЦС „Борис Трајковски“.
Предмалку во салата пристигна и лидерот на партијата Никола Груевски, кој придружуван од високи функционери, се движи низ толпата и се поздравува со присутните.
Тие пак го пречекаа со овации и му скандираа „Никој ништо не ти може Никола”.
На собирот дојдоа автобуси од Битола, Прилеп, Кичево, Делчево, Кавадарци, Велес и други градови, а салата е скоро полна.
Во близина на Градски парк и спортската сала „Борис Трајковски“ има и мобилни сендвичарници, а симпатизерите можат да се снабдат и со шалчиња и знамиња.
Овој собир е завршница на дводневните панел дискусии кои се одржаа во МОБ, во организација на владеачката партија.