Груевски: Трпението на овој народ е неговата најсилна доблест

by fokus

Собирот на ВМРО-ДПМНЕ штотуку започна, а на сцената прв застана да говори лидерот Никола Груевски.

Тој порача дека изборите во декември биле токму она што го посакувале како партија, за како што рече, да се стави крај на наметнатата криза.

-Дојде време за избори. Дојдовме до посакувана цел, до почеток на крајот на кризата. Ја воведоа државата во невидена криза и во можност за меѓуетнички и други конфликти , затоа што така смислиле, но силата и мудроста на овој народ е многу пати докажувана. Трпението на овој народ е неговата најсилна доблест иако многумина го сметаат за слабост. Но не, луѓето чекор по чекор дојдоа до посакуваното. Да го дадат својот глас и да одлучат кој сака да ги води.Само народот одлучува за иднината на Македонија – рече Груевски, кој во моментов ги набројува сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе десет години.

Поврзани новости