Скопје наместо 40, доби 27 комунални возила, останатите ќе собираат отпад во други општини

by irena 14:24
14:24

Наместо 40, како што многупати во изминатиот период беше најавено, Град Скопје ќе добие 27 нови комунални возила од 49-те кои денеска беа наредени на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“, набавени преку Светска банка. Останатите 22 ќе ги зајакнат капацитетите за одржување на хигиената во неколку други општини Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

Средствата за набавката во износ од 4,2 милиони евра, како што појасни министерот за транспорт Александар Николоски се всушност заштедени од средствата за проектот за ревитализација и за изградба на нови локални и регионални улици што го спроведува Владата со Светска банка веќе неколу години.

Од новите комуналните возила 19 се мултифункционални камиони од различен тип, девет се цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците.

– Во наредниот период ќе направиме промоција уште на 5 камиони кои самите ги обезбедивме од Град Скопје, од кои две се претоварни станици. Завршува и рокот за жалби за контејнерите и Скопје во наредниот период ќе добие повеќе од 3300 контејнери – рече Ѓорѓиевски.

 

Слични вести