640
Утре на Стадионот на АРМ во Скопје ќе се одржи урбаниот музички фестивал ,,Skopje calling” на кој ќе настапат популарни изведувачи.
Фестивалот ќе започне со настап на ,,Лајбах” по 21 часот, а нивниот услов бил да биде стемнето, бидејќи подготвувале визуелен спектакл.
Покрај нив, настапи ќе имаат и Констракта и Земја Грува, Нина Кравиц, Буч Кесиди и Ниплпипл.
Организатор на фестивалот е Авалон Продукција, од каде информираа дека веќе биле продадени над 5.000 влезници.
Вики Клинчарова