На трети септември по пауза од пет години во Скопје започна фестивалот Пиволенд.
Овогодинешната музичка манифестација наговестува пет-дневна програма со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, две сцени и многу новитети.
За првата фестивалска вечер од Пиволенд велат дека Скопје било среќно и насмеано.
-Среќно и насмеано Скопје. Таква беше првата фестивалската вечер на најголемиот пивски фестивал во земјата Пиволенд. Скопјани уште еднаш испратија порака дека го сакаат Пиволенд.
Огромен број посетители уживаа во стартната програма на првиот ден од фестивалот која започна од 18 часот со музички настап на DJ Mats на Main Stage-от и настап на македонската млада пејачка Лара Иванова на Craft сцената.
Првата вечер ги угости и Conquering Lion, рок бендот Shine,македонските бендови Последен Удар, Тотално Опуштање и Преку Ред, а Main Stage-от го затвори култниот македонски бенд АРЕА кој испрати силна порака до илјадниците посетители – да пееме и да ја славиме љубовта преку песна.
Скопје завчера беше и повеќе од љубов.
Скопјани уживаа во пивото, наздравува за нови среќни моменти и дефинитивно се препуштија на ритамот на музиката. Добиваа и награди од Флекс кредити, како и купони за пиво.
И во наредните денови, Пиволенд најавува богата музичка програма, многу пиво, вкусна храна и плоштад полн со насмеани и среќни лица – велат од организацијата.
Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.
Пиволенд 2022 ќе трае до среда.
Вики Клинчарова