„Скопје 2014“ продолжува со „Рајска градина“

by fokus

Декоративни елементи во стилот на неокласицизам, павилјон, летниковец, статуи и скулптури во фонтани се предвидени да го красат најавениот парк во општина Аеродром, илустративно именуван како „Рајска градина“, пишува Призма.

Зад идејното решение е фирмата „Архитектоника“ со главниот проектант, Жарко Чаушевски, која стои зад повеќе „барокни“ зданија во Скопје.

Станува збор за продолжување на архитектонскиот израз за кој во јавноста се прифати терминот „барок“.

Паркот ќе се гради со пари на Општина Аеродром, а ќе чини 14 милиони евра.  „Рајската градина” треба да биде готова во рок од две години.

Поврзани новости