928
Откако полицијата ја барала повеќе од 10 години, утринава била уапсена 65-годишната Бранка П. од Скопје, која се барала со централна, но и меѓународна потерница, дознава “Фокус”.
Полицијата трагала по Бранка затоа што требало да одлежи 17 годишна казна затвор, за даночни измами и затајувања.
Екипите за потраги при ЕВР Кисела Вода утринава ја лоцирале, по што набрзо била уапсена. Дознале дека во Македонија влегла пред два дена, а ја уапсила откако отишла на помен кај својот починат сопруг.
Претходно постојат сомнежи дека бегалката со години се криела во Белград и Сремска Митровица.
В.В.