ВМРО-ДПМНЕ бара и Заев да одговара за „Рекет“, СДСМ очекува разрешница за „Империја“

by Frosina Fakova

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ побара и лидерот на СДСМ, Зоран Заев да одговара за случајот „Рекет“, додека СДСМ очекува разрепница и за случајот „Имеприја“. Ова се првичните рекации на двете партии по изрекувањето на пресудата за „Рекет“ со која првообвинетиот, Бојан Јовановски беше осуден на девет години затвор, а поранешната обвинителка, Катица Јанева на седум години затворска казна.

-‘Парите од Рекет барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев’, ова не се зборови на некој новинар или политички опонент на СДСМ, ова се зборовите на Боки 13, човекот кој целата јавност го виде како заедно со Зоки Кичеец носи торба „Луј витон“ полна со изрекетирани милиони. Боки 13 е директниот извршител во „Рекет“. Парите што тој ги изрекетирал завршиле директно кај Заеви. Исказот на Боки 13 денеска од суд и претходните докази и аргументи што ги изнесе се повеќе од доволни Зоран Заев уште денеска да биде повикан во Јавното обвинителство и да биде отворена истрага против него, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, пак порача дека пресудата е потврда дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, но очекува и разрешница на „Империја“.

-Добро е што дојде време и сме среќни денеска што имаме пресуди за вакви крупни случаи кои што се отворија во државата. Тоа потврдува дека правда и одговорност ќе има за секој во државата, за било кој што ќе се огреши. Очекувам сега натаму лично целосна разрешница на сите случаи, над триесет во коишто е вклучено и целото актуелно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на многу структури. Да расчистиме еднаш со правдата со остатоците од режимот, да има одговорност и за ’Талир‘ и за ’Империја‘ и за кој било случај за којшто се зборува во јавноста и имаше постапки, рече Николовски.

Поврзани новости