392
Скопјанка на возраст од 41 година, вчера сама се породила во својот дом, но новороденчето било мртво.
Вчера во 11.30 часот на жената, која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари.
До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, таа сама се породила во својот дом. Од страна на лекар била констатирана смрт кај женското новороденче, а жената била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.