Скопјанка прогонувана од бившиот, на ќерката и испратил компромитирачки фотографии од неа

by fokus

41-годишна скопјанка била прогонувана од нејзиниот поранешен девет години помлад љубовник, кој и физички ја нападнал на нејзиното работно место. Откако ја прекинале тригодишната врска во мај годинава, Л.Е. постојано добивала телефонски повици од З.П. кој со уцени сакал да ја натера да се смират.

Поранешниот љубовник ја уценувал дека фотографии со експлицитна содржина ќе сподели со нејзините роднини и пријатели. По краток период, З.П. испратил дел од фотографиите на фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка.

Во мај годинава, според Л.Е., З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото. Л.Е. досега не го пријавила настанот затоа што се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани новости