540
Физичка пресметка настанала помеѓу две жени во здравствена установа во трговски центар во Чаир, пренесуваат од МВР.
„На 06.02.2020 во 14.00 час во СВР Скопје, Л.Ј.(49) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во здравствена установа во трговски центар на ул.„Цветан Димов“ во Скопје била физички нападната од Б.З.(63) од Скопје, сопственичка на установата. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, додаваат од МВР.