Скопјанка и кочанчанец си ги натепале мајките, завршија во станица на Велигден

by Fokus

Во денешниот полициски билтен се најдоа два слични инциденти каде две мајки биле нападнати од нивната челад. Во едниот случај 43 годишна ќерка од Скопје си ја нападнала својата мајка, поради што завршила во полициска станица. Во вториот случај напаѓачот е 31-годишен син од кочанско.

„На 15.04.2023 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Х.Д.(43) од Скопје затоа што физички ја нападнала нејзината 73 – годишна мајка. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.04.2023 во 14.10 часот во кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Г.(31) од кочанско затоа што физички ја нападнал неговата 60-годишна мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

Поврзани новости