450
43-годишна скопјанка го пријавила сопругот во полициската станица во Аеродром дека физички ја малтретирал во неколку наврати претходниот и овој месец, при што се здобила со тешки телесни повреди.
Според пријавата, 46-годишниот сопруг И.Т., освен што редовно ја тепал, при едно малтретирање ја силувал. Оштетената напоменала дека теророт кој го доживувала во неколку наврати го пријавила.
Од полицијата велат дака преземаат мерки за расчистување на случајот.