399
Во текот на вчерашниот ден, дошло до физичка пресметка помеѓу четири лица, едно од нив од Германија, пренесува МВР.
„На 29.04.2019 година во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Филип Втори Македонски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Ш.А.(39) и К.А.(48), двајцата од Скопје, од една страна и К.С.(20) од СР Германија и Б.С.(45) од Скопје од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.