Скопјани не се разбрале во сообраќајот, еден завршил во болница

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, било пријавено дека тројца скопјани се искарале поради недоразбирање во сообраќајот, а еден завршил во болница.

„На 20.07.2022 во 16.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8 Септември“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Д.М.(50) од Скопје, кој управувал патничко возило „мерцедес“ и Е.Н.(19) од Скопје, кој управувал мотоцикл „пиаџо“, а сопатник бил С.Р.(28) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки. Притоа, според пријавеното, Е.Н. со остар предмет му се заканувал на Д.М., а потоа со возилото удрил во мотоциклот, при што со телесни повреди се здобил С.Р., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости