579
Завршува појадокот на мост кој по петти пат традиционално го организира Градот Скопје. Утрово од 9 часот се чекаа редици за да се влезе на Камени мост за да се проба она што го зготвиле учениците од Средното угостителско училиште „Лазар Танев“.
Дел граѓани кои заборавиле да подигнат карти го молеа обезбедувањето да ги пушти да влезат на бесплатниот доручек.
Додека граѓанитe доручкуваа во позадина ечеше гласна музика. Кај Камени мост вриеше од народ, меѓутоа желбата да се јаде покрај спомениците на мостот Око не беше голема.
Граѓаните со полни кеси храна ја напуштаа манифестацијата, а дел од нив јадеа и на клупите на плоштадот. Во близина беше паркирано и возило од Црвен крст во случај на некој да му затреба прва помош.