517
Педесет и осумгодишен скопјанец го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила во текот на вчерашниот ден на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Како што информира МВР, несреќата се случила во 13:40 часот кај местото викано Сатеска. Несреќата се случила меѓу патничко возило „астра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А. (32) од село Зајас и патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С. (58) од Скопје.
Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде што починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица Кичево.