343
МВР информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Т.К.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 од Кривичниот законик.
-На 25 мај 2022, пријавениот бил запрен од полициски службеници додека управувал патничко возило, а поради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, тој лажно се претставил како полициски службеник и се легитимирал со лажна службена легитимација на МВР која сам ја изработил, соопштуваат од полицијата.