Српските новинари на Косово почнаа штрајк со глад

by Fokus

Членовите на Самостојниот синдикат на Јавното претпријатие „Мрежа Мост – ТВ Мост“ во Косовска Митровица и на „РТВ Грачаница“ утринава започнаа штрајк со глад поради ниските плати и бараат и тие да добијат таканаречен косовски додаток, соопшти Здружението на новинари на Србија (ЗНС).

Здружението наведува дека претседателот на тој синдикат Дејан Јевтиќ изјавил дека 22 вработени, меѓу кои новинари и други работници, штрајкуваат барајќи зголемување на платата и косовски додаток, јави Бета.

Наведено е дека нето платата на повеќето работници е меѓу 40.000 и 45.000 динари и не е зголемена во последните години и покрај инфлацијата и тешката состојба во општеството.

„Нашите новинари имаат право на косовски додаток исто како и професорите, лекарите и другите работници кои го добиваат. Ние само сакаме да си ја работиме работата, да останеме  да живееме на Косово и Метохија со нашите семејства, но и да ги имаме истите права и услови како и работниците во другите фирми“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости